Eda Fatma Topçu
29 Август 2019•Ажурирај: 31 Август 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Министерката за трговија на Република Турција, Рухсар Пекџан, изјави дека Главниот извозен план на земјата опфаќа 17 целни држави и пет сектори, и тоа машинството, автомобилската индустрија, електоиндустријата, хемиската и прехранбената индустрија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Целните земји на Главниот извозен план се Соединетите Американски Држави (САД), Бразил, Кина, Етиопија, Мароко, Јужна Африка, Јужна Кореја, Индија, Ирак, Велика Британија, Јапонија, Кенија, Малезија, Мексико, Узбекистан, Русија и Чиле“, истакна министерката Пекџан.
Главниот извозен план на Турција го опфаќа периодот до 2023 година, а составен е како главен столб на планот за развој на земјата.
Ресорната министерка Пекџан изјави дека планот предвидува извоз во вредност од 226,6 милијарди долари.
„Со креираниот план сакаме да оствариме одржлив развој“, изјави Пекџан и додаде дека при изработката на планот се земени предвид сите глобални околности, вклучувајќи ги економските војни и технолошките иновации.