Gözde Bayar
19 Октомври 2021•Ажурирај: 20 Октомври 2021
АНКАРА
Земјотрес со интензитет од 6 степени утрово го потресе Медитеранскиот регион на Турција, соопшти националната агенција за катастрофи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Службата за справување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) соопшти дека епицентарот на земјотресот бил на отворено море, на 189 километри од местото Каш, во турската област Анталија, во 8:32 часот по локално време.
Земјотресот бил на длабочина од 36 километри. Засега нема соопштенија за евентуални жртви.