Fırat Taşdemir
28 Јуни 2020•Ажурирај: 29 Јуни 2020
АНКАРА
Земјотрес со јачина од 5,2 степени ја погоди турската област Мугла, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди турската Дирекција за управување со катастрофи и итни состојби (АФАД).
Се наведува дека епицентарот на земјторесот бил на отворени води кај подрачјето на Мармарис во Мугла.
Според ова соопштение, земјторесот со јачин од 5,2 степени се случил во 20:43 часот по локално време, на длабочина од 61,41 километри.