Muhammed Boztepe
28 Јуни 2020•Ажурирај: 29 Јуни 2020
АНКАРА
Тројца припадници на терористичката организација ПКК, меѓу кои е и еден од сивата листа на барани терористи, се предадоа на безбедносните сили на Република Турција во градот Ширнак, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за внатрешни работи на Турција наведено е дека тројца терористи на ПКК, по подолго уверување и напори кои ги вложиле припадниите на полицијата и жандармеријата, одлучија да ѝ се предадат на полицијата.
Станува збор за терористи кои во 2013 година се приклучија на организацијата, а меѓу нив е еден за кој е распишана сива потерница.
Од почетокот на оваа година на турските безбедносни сили им се предадоа вкупно 92 припадници на терористичката организација.
Турските безбедносни сили спроведуваат опсежна борба против терористите на ПКК во рамките на Турција, но и на северот на соседните Ирак и Сирија. ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата на терористичките организации во Турција, Европската унија (ЕУ) и Соединетите Американски Држави (САД). Во текот на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.