Nilay Kar
03 Октомври 2019•Ажурирај: 03 Октомври 2019
МУГЛА (АА) - Земјотрес со магнитуда од 5 степени го потресе денес Медитеранот, јавува Anadolu Agency (AA).
Агенцијата за управување со вонредни ситуации на Турција (AFAD) соопшти дека потресот е почувствуван во 7:44 утринава по локално време.
Епицентарот на земјотресот е на 58 километри оддалеченост од Фетије, во турската југозападна област Мугла.
Гувернерката на Мугла, Есенѓул Џивелек, истакна дека засега нема пријавена материјална штета.
Земјотресот е почувствуван и во подрачјето на Даламан, Којџегиз и Мармарис.