Ekipa
20 Декември 2017•Ажурирај: 21 Декември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Истанбулскиот суд изрече доживотни затворски казни за 15 обвинети за учество во обид за заземање на седиштето на Партијата на правдата и развојот (AK Parti) во Истанбул, за време на минатогодишниот обид за воен удар во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Истанбулскиот 23. Kривичен суд изрече пресуда за осомничените припадници на терористичката организација ФЕТО, кои на 15 јули минатата година се обидоа да го окупираат истанбулското седиште на владејачката АК Партија во Турција.
Четворицата обвинети добија двојни затворски казни, а 11 обвинети беа осудени на доживотен затвор.
На чело со Фетула Ѓулен, терористичката организација ФЕТО, со посредство на инфилтрирани членови во рамките на институциите се обидоа во јули минатата година да извршат воен удар во Турција, при што загинаа најмалку 250 луѓе.
Турција после тоа започна опсежна борба против оваа организација, која е основана пред неколку децении и под плаштот на верските програми ги злоупотребуваше верските чувства на луѓето заради остварување на своите терористички планови.