Gökhan Ergöçün
11 Август 2021•Ажурирај: 12 Август 2021
ИСТАНБУЛ
Еден од најголемите светски настани, Меѓународниот саем за одбранбена индустрија, ќе биде организиран во Истанбул наредната недела, јавува Агенција Анадолија (АА).
Четиридневниот настан ќе започне на 17 август под покровителство на Претседателството на Турција и во координација со Министерството за одбрана на Турција, Претседателството за одбранбена индустрија и Фондацијата на вооружени сили.
Ќе биде изложен широк спектар на одбранбени производи во различни области, вклучувајќи копнени возила, вооружување, симулатори, радари, сонари, решенија за морнарички платформи, воздухопловни системи, ракети, логистички возила, опрема за снабдување и системи за безбедност.
На саемот ќе се одржат и панели за различни теми, како вселенски студии, идни технологии и дигитални трансформации.
Минатата година саемот имаше повеќе од 1.000 учесници, а го посетија 76.000 професионалци од 71 земја.
Овогодишниот саем првобитно е планиран за мај, но е одложен поради коронавирусот.