Ayşe Şensoy Boztepe
11 Август 2021•Ажурирај: 12 Август 2021
АНКАРА
Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, истакна дека во Турција администрирани се повеќе од 80 милиони дози вакцини за заштита од Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Коџа на својот официјален профил на Твитер напиша: „Бројот на администрирани дози на вакцини против Ковид-19 надмина 80 милиони.“
Министерот за здравство, Коџа, исто така наведе дека стапката на оние кои примиле две дози вакцина кај популацијата на возраст од 18 години и повеќе надмина 50 проценти.
Според податоците на Министерството за здравство, заклучно со 14:51 часот, во Турција се администрирани 42.856.201 вакцина прва доза, 31.340.611 втора доза, а 6.148.668 вакцини како трета доза.