Izzet Taskiran
06 Мај 2017•Ажурирај: 07 Мај 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - На аеродромот Ататурк во Истанбул започна тест периодот на новата верзија на информатичкиот систем PolNet кој турската полиција го создаде со цел да ја забрза контолата на пасошите на граничните премини, јавува Anadolu Agency (AA).
Според добиените информации, преземени се одредени активности за да се спречат недостатоците кои повремено се случуваат во системите кои се користат на граничните премини, меѓу кои се наоѓа и аеродромот Ататурк.
Системот кој сега се користи, надграден со нова верзија на оперативниот систем кој е во тест-период, ќе овозможи побрз пристап до информации од поголем број институции. На тој начин полицијата која на контролните точки го проверува процесот на влез и излез, во покус период ќе може да изврши поопсежни проверки.
Целта на овој систем кој е во тест-период е да ја намали гужвата на местата за пасошка контрола на аеродромот во Истанбул.