İbrahim Halil Çekici
20 Април 2017•Ажурирај: 21 Април 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - На плоштадот Султанахмет во Истанбул, по повод на 564 години од освојувањето на градот, на површина од 1.453 квадратни метри е создаден еден вид „килим“ од лалиња.
Овој најголем килим од лалиња во светот, кој е направен по третпат во Истанбул, ќе биде официјално отворен в сабота, 22 април, а на отворањето ќе присуствува и градоначалникот на Истанбул, Кадир Топбаш.
На површината помеѓу џамиите Султанахмет и Aја Софија, во рамките на 12. Фестивал на лалињата, засадени се околу 564.000 лалиња.
Голем број домашни и странски туристи ја искористија можноста да се фотографираат до „килимот“ од лалиња.
За време на фестивалот, освен уживањето во прекрасните цветови и бои на лалињата што цутат во Истанбул, посетителите ќе имаат можност да уживаат во различни содржини.
Фестивалот ќе биде отворен до крајот на месецот.