Emin Avundukluoğlu
01 Октомври 2019•Ажурирај: 01 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Денес со говор на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, ќе започне 3-тата законодавна година од 27-от состав на турскиот Парламент, јавува Anadolu Agency (AA).
Големото народно собрание ќе заседава со почеток во 15:00 часот по локално време, а со седницата ќе раководи претседателот на Парламентот, Мустафа Шентоп.
Шентоп ќе биде домаќин на приемот во Парламентот по седницата во 19:00 часот.
На 3 и 4 октомври Генералното собрание ќе дискутира за меѓународните договори.
Во меѓувреме, Комисијата за правда на Парламентот се очекува во четврток да заседава за новиот пакет судски реформи.