Ömer Yıldız
28 Мај 2019•Ажурирај: 29 Мај 2019
АДАНА
Во рамките на истрагата што ја спроведува Јавното републичко обвинителство на Адана во Турција, екипите на Обласниот директорат на полицијата за криумчарење и организиран криминал започнаа активности за откривање на членовите на терористичката организација на Фетула - Паралелна државна структура (ФЕТО/ПДС), јавува Anadolu Agency (AA).
По издадениот налог од Јавното обвинителство, во 18 области во Турција започнати се операции за приведување на 27 војници, од кои 20 се во активна служба.
- Дел од осомничените се приведени
Во рамките на операциите, приведените лица, по извршената здравствена контрола се префрлени во полициска станица.