Sarp Özer
28 Мај 2019•Ажурирај: 29 Мај 2019
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили започнаа голема антитерористичка операција во подрачјето на Хакурк, северен Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Со гранатирање со топовски батерии, копнените сили и авионите на Командата на водухопловните сили ја започнаа операцијата во која учествува и бригада командоси.
Во соопштението на Министерството за одбрана на Турција се вели дека воената офанзива била започната со цел неутрализирање на терористите во подрачјето, како и уништување на пештерите и засолништата кои ги користеле.
Од Министерството се нагласува дека операцијата се одвива според планираното.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на речиси 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца.