Muhammed Boztepe
28 Мај 2019•Ажурирај: 29 Мај 2019
АНКАРА (АА) - Во операција на турските сили во областа Тило, во турската југоисточна област Сирт, неутрализирани се двајца терористи. Еден од е Наиф Марал, баран терорист од портокаловата категорија, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението од Министерството за внатрешни работи на Турција, во рамките на операциите за внатрешна безбедност, Командата на жандармеријата спроведе операција во селото Чинарлису, во областа Тило, во Сирт. При операцијата под името „Шехит Решит Кочак 2019-07“, неутрализирани се двајца терористи.
Еден од тие неутрализирани терористи е и Наиф Марал, познат под кодното име „Ферман Габар“, кој се наоѓал на портокаловата листа барани терористи, наводно одговорен за групата „Планина Шејхомер“.
Од страна на Министерството беше распишана и награда од 600.000 лири (околу 100.000 долари) за негово пронаоѓање.