Cansu Dikme
08 Февруари 2018•Ажурирај: 08 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Турската полиција го лиши од слобода пребегнатиот поранешен генерален секретар на Врховниот совет на судии и обвинители на Турција (HSYK) Мехмет Каја, кој се товари за поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Бегалецот Каја е приведен во полициска операција извршена утринава во западната турска област Чанаккале.
Во рамките на истрагата за инфилтрираните елементи на терористичката организација ФЕТО во турските правосудни институции, полицијата утринава по налог на тужителот во постапката, изврши симултани претреси на десет локации.
Во еден од објектите е пронајден и лишен од слобода и бегалецот Каја. Тој е предаден на турските органи за понатамошно процесуирање.
На чело со Фетула Ѓулен, терористичката организација ФЕТО на 15 јули 2016 година изврши неуспешен обид за воен удар во Турција за време на кој загинаа 250, а ранети беа речиси 2.200 лица.
Обидот за пуч го извршија инфилтрирани поданици на ФЕТО во рамките на турските институции. Поранешниот челник на врховното правосудно тело, Каја, е еден од истакнатите членови на организацијата ФЕТО кој и по обидот за пуч организираше тајни состаноци на поданиците на ФЕТО во рамките на правосудството.
Поранешниот член на Врховниот совет на судии и обвинители на Турција, Керим Тосун, исто така е обвинет за членство во ФЕТО, за време на исказот на обвинителството призна дека во редовите на ФЕТО влегол со посредство на приведениот Каја и дека токму во домот на Каја пристуствувал на низа тајни состаноци и организации.