Yıldız Nevin Gündoğmuş
10 Август 2020•Ажурирај: 11 Август 2020
АНКАРА
Портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин, истакна дека Грција е страната која го прекршува договорот на Источен Медитеран и ја тресе довербата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Калин учествуваше во емисија на телевизискиот канал Си-ен-ен Турк (CNN Türk), каде говореше за актуелните теми.
Тој нагласи дека историјата на модернизацијата на Турција треба повторно да се разгледа со критичко око.
Според него, историјата треба повторно да се прочита на праведен начин, коментирајќи да се донесе во сегашноста, и потоа да се пренесе во иднината, додавајќи дека перспективата на оваа тема треба точно да се постави.
Калин истакнувајќи дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган држи огледало и рефлексија кон светскиот систем, рече: „Тој вели 'ова е твојата слика, тука има неправда, има нееднаквост, има империјализам, има многу нешта'. Тие на кои не им се допаѓа сопствениот лик во огледалото, наместо да се поправат себеси, го каменуваат лицето кое го држи огледалото“.
- „Нема да дозволиме каков било обид кој ќе ја затвори Турција во Источен Медитеран“
Запрашан за неговиот став во врска со договорот постигнат меѓу Египет и Грција во врска со Источниот Медитеран, Калин потсети дека Турција веќе 2,5 месеци води преговори со Грција.
„За ова прашање отидовме и разговаравме во Берлин, место како неутрална зона. Ние само сто се договаравме, дури нашите министри за надворешни работи се согласија во врска со текстот на заедничкото соопштение. Ден пред нашата изјава, Грција соопшти дека постигнала ваков договор со Египет“, рече Калин, зборувајќи за овој процес.
Калин нагласи дека во врска со ова прашање разговарал и со неговиот грчки колега.
„Во моментот кога беше соопштено дека е постигнат договор со Египет, добивме јасна иструкција од нашиот претседател (Реџеп Таип Ердоган), кој рече: 'Ги прекинувате преговорите. Известете ги Германците и Грците дека не може да ги започнеме овие преговори. Договорот постигнат меѓу Грција и Египет за нас е неважечки', бидејќи овој чекор е насочен кон тоа Турција да да биде исклучена од Источниот Медитеран и да биде затворена во заливот на Анталија. Не е можно да го прифатиме тоа. Во врска со Источниот Медитеран, ние имаме две основни прашања: првото прашање е нашите зони на поморска надлежност, а второто прашање е правата и интересите на кипарските Турци. Тие ги гледаме како целина. Иако изледаат дека се одделни, крајно ти е се дел од Источниот Медитеран, и нема да дозволиме каков било обид кој ќе ја затвори Турција во Источен Медитеран. Покрај сето тоа, ние сме за решавање на овие прашања преку дијалог. Но, Грција е страната која го прекуршува договорот на Источен Медитеран и ја тресе довербата. Сметам дека Европејците сега појасно го забележаа вистинското лице на антитурските лобирања кои ги врши Грција земајќи ја зад себе Европската унија (ЕУ)“.