Jeyhun Aliyev
11 Август 2020•Ажурирај: 12 Август 2020
САМСУН
Најмалку осум сомнителни лица се приведени во турскиот црноморски регион, поради наводи за нивна поврзаност со терористичката организација ДЕАШ, велат безбедносни извори, јавува Агенција Анадолија (аА).
Полициските антитерористички и разузнавачки тимови во турската северна област Самсун покренаа истовремени операции на неколку места за да ги фатат осомничените ирачки државјани, вели извор, кој зборуваше под услов да остане анонимен.
Рациите беа спроведени во подрачјата Илкадим, Џаник, Текекој и Атакум.
За време на операциите од нивните места на живеење беа исто така запленети и дигитални материјали.
По медицинските испитувања, осомничените се однесени во полициска станица.
Во 2013 година, Турција беше меѓу првите земји што ја ставија ДЕАШ на листата на терористички организации.
Земјата досега повеќепати беше цел на напади на ДЕАШ и тоа на најмалку 10 самоубиствени напади, седум бомбашки напади и на четири вооружени напади, во кои загинаа најмалку 300 луѓе, а стотици беа повредени.
Како одговор на тоа Турција започна воени и полициски операции во земјата и во странство, за да спречи идни терористички напади.