Sinan Uslu
13 Јули 2018•Ажурирај: 14 Јули 2018
АНКАРА (АА) – Гласноговорникот на претседателот на Турција Ибрахим Калин изјави дека е планирано вонредната состојба во Турција да биде укинато на 18 јули, јавува Anadolu Agency (AA).
„Планирано е на 18 јули да биде укината вонредбата состојба, а борбата против тероризмот продолжува во рамките на постоечките уредби и закони”, рече Калин во обраќањето на конференцијата за медиумите во Анкара по состанокот на кабинетот на претседателската палата со кој претседаваше Реџеп Таип Ердоган.
„Доколку се соочиме со неосо некоја вонредна закана, механизмот на вонредба состојба би можел повторно да биде употребен”, рече Калин.
Истакна дека турските власти спроведуваат поттребни подготовки во врска со чекорите кои се однесуваат на извозно ориентираниот раст на земјите.
„Утврдени се чекори кои е потребно да се преземат во рамките на реализацијата на целта за стабилен и одржлив раст на Турција. Се спроведуваат детални активности во врска со тие прашања. Моментално се подготвуваат подготовки во врска со новите чекори кои се однесуваат на извозно ориентиран раст”, рече Калин.
Додаде дека меѓу приоритетите на новите власти ќе биде обезбедување на буџетска дисциплина, борба против инфлацијата и спроведување на структурните реформи.
Се осврна и на прашањето за ФЕТО, напоменувајќи дека Турција нема да дозволи оваа терористичка организација како што рече, слободно да дише во било кој дел на светот.
„ФЕТО, кој ја предаде нашата земја, во Турција предизвика смрт на 251 наш граѓани. Нема да дозволиме оваа предавничка мрежа слободно да дише во било кој дел на светот", рече Калин.
Нагласи дека Турција е загрижена поради можноста војниците пучисти во Грција да бидат ослободени.
„Увидуваме дека се оди во насока на ослободување на 8-те војници пучисти кои ги третира грчкиот правен систем. Ова е за нас нешто многу загрижувачко, рече Калин.
На крајот истакна дека американските власти константно истакнуваат дека постојат законски потешкотии или процеси во врска со прашањето на барањето за испорачување на Фетула Ѓулен, водачот на терористичката организација ФЕТО.
„Многу е јасно дека оваа терористичка организација се обиде да изведе воен удар во Турција. Поради тоа, напоменуваме дека во поглед на испорачување на лидерот на ФЕТО треба да бидат преземени конкретни чекори”, рече гласноговорникот на претседателот на Турција.