Sercan Küçükşahin
29 Јануари 2017•Ажурирај: 30 Јануари 2017
КАЈСЕРИ (АА) - Фестивал на зимско капење кој е необичен настан во областа Брајан во турскиот град Kaјсери, собра стотици храбри млади луѓе кои уживаат во капењето во езерото на температура на воздухот од минус седум степени Целзиусови, јавува Anadolu Agency (AA).
Повеќе од 40 учесници на Фестивалот веќе шеста година по ред, се собраа на вештачко езеро и приредија добра забава.
Во машка и женска категорија се организира и пливачка трка, а организаторот на фестивалот Сенер Серим изјави дека интересот за овој настан е се поголем и дека оваа година доаѓаат учесници од различни делови на Турција.
„Некогаш овој настан ги собираше пријателите во нашиот град, а сега стана традиција со која сакаме да го промовираме нашето место", рече Серим.