Hatice Şenses Kurukız
01 Јануари 2017•Ажурирај: 01 Јануари 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Турската министерка за социјални работи и семејство Фатма Бетул Сајан Каја рече дека повеќето од жртвите во терористичкиот напад минатата ноќ во Истанбул странски државјани, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерката Каја денеска ги посети повредените во државната болница Истиније во Истанбул, по што имаше обраќање пред новинарите во кое најостро го осуди синоќешниот терористички напад, во кои загинаа најмалку 39, а повредени се 69 лица.
„Меѓу повредените има и турски државјани, но повеќето се странци. Повеќето од нив во неколку наврати ја посетувале Турција и добро ја познавале нашата земја“, рече министерката Каја.
На прашањето на новинарите за чии државјани станува збор, Каја рече дека меѓу повредените има државјани на Саудиска Арабија, Мароко, Либан, Либија и други земји.
Синоќа, во терористички напад во ноќен клуб во Ортакој, во подрачјето на Бешикташ загинаа најмалку 39, а повредени се 69 лица. Истрагата за нападот е во тек, како и опсежната полициска потрага по напаѓачот.
Идентификувани се 20 лица, меѓу кои 15 странски и пет турски државјани. Во тек е идентификацијата на другите жртви, но се очекува наскоро објавување на тие информации.