Yasemin Kalyoncuoğlu
31 Октомври 2018•Ажурирај: 31 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - Книгата „Трамп и глобалниот поредок“ за 45. претседател на Соединетите Американски држави (САД), Доналд Трамп, којашто ги разгледува регионалните и глобалните политики и настанатата неизвесност во односите со сојузниците и со целиот свет, подготвена за средба со своите читатели, јавува Anadolu Agency (AA).
Во книгата „Трамп и глобалниот поредок“, во издание на АА, која излезе од печат, и која може да се најде во одредени книжарници и да се купи преку интернет, се анализираат надворешната политика на Доналд Трамп и односите Турција - САД.
Книгата се состои од 22 анализи за политиките на Трамп, изработени од новинари-експерти, академици и аналитичари, во кои се разгледуваат голем број теми, како што се „Иднината на демократијата во САД“, „Американско-европските односи во одбраната во периодот на Трамп“, „Проблемот со „легитимноста“ на американската политика за Блискиот Исток“, „Разбирање на надворешната политика на САД во периодот на Трамп“.
АА, која последните години придава големо значење на политичките, економските и воените прашања, и објавува стратешки текстови во кои акцентот го става на прашања со глобален контекст, со новата книга дава приказ на регионалните и глобалните политики на Трамп и настанатата неизвесност во односите со сојузниците и со целиот свет.
АА на читателите им даде бројни изданија, како што се „Репортер“, „Турција гледана од небото“, „Издигнување на Африка“, „Стратегијата за безбедност на Турција“, а ќе продолжи и во иднина своето издаваштво да го проширува со нови дела.