Gorana Jakovljevic
22 Април 2023•Ажурирај: 25 Април 2023
ХАТАЈ (АА) - Во Хатај, Туркије, кој го потресоа земјотресите во февруари, Џокеј-клубот Туркије секојдневно во шаторските населби измамува насмевки на лицата на околу 500 деца овозможувајќи им да јаваат и да ги галат коњите пони, известува Анадолу.
Цел е мотивацијата на децата кои го преживеаја земјотресот и се сместени во шаторските населби поставени од Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) во Овакент, во турската област Антакија.

Членот на Џокеј-клубот Туркије и актер, Илјас Илбеј, за Анадолу изјави дека ги организираат овие настани во градовите погодени од земјотресите и дека ќе бидат во Хатај за време на Рамазан бајрам, по што ќе заминат во Кахраманмараш.
Според неговите зборови, голема траума доживеале луѓето кои ги преживеаја земјотресите, а особено се погодени децата. Центарот за терапија, со помош на коњите има за цел да ги ублажи последиците од траумата, за да можат децата полесно да ги надминат своите стравови.

Два разорни земјотреси, првиот со интензитет од 7,7 степени по Рихтер, на 6 февруари наутро во 4:17 часот по локално време, со епицентар во округот Пазарџик, и вториот во 13:24 часот, со интензитет од 7,6 степени по Рихтер, со епицентар во местото Елбистан, ги потресоа јужните делови на Туркије. Епицентрите на земјотресите се регистрирани во турската област Кахраманмараш.
Бројката на загинати во земјотресите на југот од Туркије изнесува 50.096. Околу 14 милиони луѓе во Туркије се погодени од разорните земјотреси, како и голем број луѓе во северните делови на Сирија.