Ferhat Demircan
02 Јануари 2017•Ажурирај: 03 Јануари 2017
АНКАРА (AA) - Заменик на премиерот на Турција Нуман Куртулмуш изјави дека поради фактот што Турција се соочува со терористичките напади, вонредната состојба ќе потрае колку што ќе биде потребно, јавува Anadolu Agency (AA).
Во обраќањето до новинарите во Анкара, пред седницата на Владата, истакна дека терористичкиот напад во Истанбул изведен во првите минути од 2017. година, носи многу важна порака. Нагласи дека нападот во ноќниот клуб беше реакција на терористичката организација на успехот кој е постигнат со офанзивата „Штитот на Еуфрат" на северот на Сирија.
„Годината 2016-та за Турција и регионот беше тешка година. Терористичките организации, истовремено користејќи стратешки сојузници, 2016 година изведоа голем број на терористичките напади против Турција. Во моментите кога мислевме дека доаѓа 2017. година, дека доаѓаат поубави денови и дека Турција ќе има поубава година, година на мир и слога, тие, за жал изведоа подол терористички напад со кој испратија порака дека и 2017. година ќе биде главоболка за Турција. А ние на нив им порачуваме дека во 2017. година ќе влеземе во нивните ровови, каде и да се скриваат", рече Куртулмуш.
На крајот истакна дека Турција и во 2017. година ќе ја продолжи борбата против терористите, додавајќи дека сигурно ќе победат во борбата против тероризмот.
„Не правејќи разлика помеѓу терористичките организации, ние, со помош на народот, користејќи се со сиот расположлив национален капацитет, сите терористи ќе ги фрлиме на колена", рече Куртулмуш, додавајќи дека Турција ќе ги реши сите проблеми со кои се соочува во соседството и ќе продолжи по патот на напредокот по кој чекори.