Mesut Karaduman
24 Ноември 2021•Ажурирај: 25 Ноември 2021
ТЕКИРДАГ (AA) – Во областа Текирдаг птиците сколовранци изведуваат интересни движења на небото налик на танц.
Сколовранците, кои секоја година се гледаат во есен и зима, се симнуваат на полињата со пченица, особено на патниот правец Сулејманпаша - Чорлу.

Птиците кои летаа на небото како да танцуваа, со своето движење создадоа маѓепсувачка глетка.
Некои минувачи со мобилните телефони го снимија „извежбаниот танц“ на сколовранците.