Bahattin Gönültaş,Fatih Erkan Doğan
29 Декември 2016•Ажурирај: 30 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Почнувајќи од новата година, Турција ќе ја зголеми минимална плата од 8 отсто, на нешто повеќе од 1.400 турски лири месечно (397 долари), изјави денес турскиот министер за труд, јавува Anadolu Agency (AA).
„Минималната плата во Турција ќе се зголеми од 1.300 турски лири месечно (368 долари) на 1.404 лири (397 долари) месечно со почетокот на 2017 година, откако беше постигнат договор со засегнатите страни“, изјави министерот за труд Мехмет Муезиноглу на денешната прес-конференција.
Новиот износ на минималната бруто-плата, пред одбивањата за социјално осигурување и данок на приход, изнесува 1.777 лири (502,6 долари).
Новиот износ на платата утврдена од Комисијата за минимален износ на плати, составена од владини претставници и претставници на работниците и работодавачите, е помала од побарувањата на претставниците на вработените.
Минатата година минималната плата доби зголемување од речиси 30 отсто, на 1.300 лири (446 долари), во согласност ветувањето за зголемување на платите, од предизборната кампања на владејачката Партија за правда и развој, пред изборите на 1 ноември.