Sarp Özer,Nazlı Yüzbaşıoğlu
13 Октомври 2023•Ажурирај: 16 Октомври 2023
БРИСЕЛ (АА) - Турскиот министер за одбрана, Јашар Ѓулер, изјави дека Туркије го осудува секој напад врз цивилите и областите населени од цивили во тековниот палестинско-израелски конфликт, јавува Анадолу.
За време на средбата со турските медиуми во седиштето на НАТО во Брисел, Ѓулер, исто така, истакна дека ослободувањето на заложниците, спречувањето конфликтот да се прошири на други фронтови и колку што е можно поскоро завршување на конфликтот се приоритети на Анкара.
Во драматична ескалација на тензиите на Блискиот Исток, израелските сили започнаа непрекината воена кампања против Појасот Газа, како одговор на воената офанзива на палестинската група Хамас на израелските територии.
Во врска со развојот на настаните во Украина, тој повтори дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган решително се обидува да го оживее Договорот за жито што овозможи извоз на украинско жито на меѓународните пазари преку Црно Море.
Ѓулер, исто така, рече дека санкциите и ограничувањата наметнати од некои земји на Туркије им штетат на НАТО и на Украина.
Во врска со улогата на земјата во Алијансата, тој истакна дека Туркије многу придонесува за операциите, мисиите и командните структури на НАТО.
Ѓулер, исто така, истакна дека Туркије останува посветена на договорот постигнат на Самитот на НАТО во Вилнус во врска со кандидатурата на Шведска за НАТО, но очекува повидливи чекори од Шведска, вклучително и построги закони за борба против тероризмот.
„Турскиот Парламент го има последниот збор“, истакна тој.
Понатаму тој додаде дека последниот терористички напад во турскиот главен град Анкара докажал дека терористичката закана со која се соочува земјата и понатаму постои.
„Условите во Сирија и во Ирак создаваат плодна почва за тероризам“, рече Ѓулер.
„И покрај сите придонеси што ги дадовме за НАТО, ограничувањата на извозот на одбранбени производи од страна на некои НАТО-сојузници не се прифатливи“, истакна тој.
„Не постои оправдување за поддршката на ПКК/ЈПГ и очекуваме целосна солидарност и поддршка од нашите сојузници во НАТО“, додаде Ѓулер.
„Остануваме решителни во борбата против секоја терористичка организација сѐ додека е потребно“, нагласи турскиот министер за одбрана.