Emre Başaran
15 Ноември 2023•Ажурирај: 16 Ноември 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа, се состана со египетскиот колега Халид Абдулгафар во Каиро, каде што дискутираа за снабдувањето на Газа со хуманитарна помош и за трансфер на пациентите болни од карцином во Туркије, јавува Анадолу.
Коџа пристигна во египетскиот главен град и беше пречекан од Абдулгафар и други официјални претставници.
Минатата недела Коџа имаше телефонски разговори со израелскиот и египетскиот колега за трансфер на пациенти од опколената палестинска енклава преку граничниот премин Рафа.
Така беше формиран координативен тим со лица за контакт од Туркије, Египет и Израел.
Туркије достави тони опрема, вклучително лекови, медицински помагала, амбулантни возила и медицински материјали, како помош за жителите на Газа, каде што хуманитарната ситуација е катастрофална поради израелските напади од 7 октомври.