Ali Kemal Akan
30 Септември 2022•Ажурирај: 01 Октомври 2022
АНКАРА
Во операцијата на турската разузнавачка служба МИТ против структурата на терористички ќелии на терористичката организација ДЕАШ во северна Сирија, кои се подготвувале за акција, фатени се 19 терористи, од кои еден мртов, при што е запленето големо количество муниција, известува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од безбедносни извори, утврдено е дека терористичката организација ДЕАШ формирала специјални ќелии за организирање на големи акции против турските институции, особено против припадниците на Турските вооружени сили во Сирија.
Благодарение на разузнавачката и оперативна поддршка на МИТ, спроведени се операции во областите на операцијата „Штитот на Еуфрат“ и операцијата „Извор на мирот“ од страна на локалните безбедносни сили кои се дел од Слободната сириска армија (ССА).
Во овие операции фатени се 19 терористи на ДЕАШ, од кои еден мртов, а притоа се запленети големи количества експлозиви, оружје и муниција.
‒ Признаа 4 обиди за акции
Заробените членови на терористичките ќелии на ДЕАШ признаа дека извршиле интензивни извидувачки активности на базите на Турските вооружени сили (ТСК) и турските институции во Сирија, дека ги следеле секојдневните рутини на возилата на ТСК во Сирија и дека се обиделе да изведат четири акции врз возилата на ТСК во август и септември.
Во операцијата запленети се 350 килограми ТНТ, 20 рачно изработени експлозивни направи подготвени за употреба, 14 празни рачно изработени експлозивни направи, 3 самоубиствени појаси, 2 самоубиствени елеци, 600 детонатори, 7 пушки АК-47, 4 шаржери за АК-47, 3 пламенофрлачи, детонирачки фитил долг 750 метри, еден фрлач на ракетни гранати (РПГ), 12 парчиња муниција РПГ-7, 5 парчиња минофрлачки гранати 107 мм, 2 јуришни гранати, 4 пакувања челични топки, 84 батерии, една пушка М-16, 3 снајперски дурбини, 2 пиштоли со калибар од 7,65 мм и една автоматска пушка.