Şengül Oymak
30 Јуни 2016•Ажурирај: 01 Јули 2016
КОЧАЕЛИ (АА) - Во пресрет денешното отворање на висечкиот мост „ Османгази”, кој уште се нарекува „Заливски ѓердан”, утрово турскиот професионален мотоциклист Кенан Софуоглу на мостот, на својот мотор разви неверојатна брзина од 400 километри на час, јавува Anadlu Agency (AA).
Откако доби дозвола од надлежните институции, Софуоглу утрово на новиот мост забрза на мотоциклот Х2Р и разви брзина од 400 километри на час, што претставува рекорд на Кавасакиевиот мотор.
Моменталниот лидер на шампионатот Суперспорт, Софуоглу, така ја постигна најголемата брзина остварена некогаш на Кавасакиевиот мотор Х2Р, при што потврди и раководството на Кавасаки.
На турскиот мотоцикл му беа потребни помалку од 30 секунди да го премина мостот долг 1,5 километри.
Во изјавата за медиумите, Софуоглу изјави дека за тој подвиг се спремал четири месеци и дека е среќен што моторот кој развил за 20 километри поголема брзина од претходно, е рекорд на тој модел на мотоцикл.
„ Не мислам дека некој некогаш ќе вози побрзо преку овој мост. Брзината која ја развив е исклучително голема и за 100 километри на час поголема од оние брзини кои ги развиваме за време на трките. Ова беше мој сон. Овој сон го остварив сам, сега одам да го остварам и оној кој се однесува на освојувањето на петтата титула на првак на светот”, изјави Софуоглу.
Мостот Османгази, кој уште се нарекува „Заливски ѓердан” е дел од автопатот кој претставува најголем патен инфраструктирен проект во турската историја. Патниот правец, моменталното деветчасовно возење од Истанбул до Измир, ќе го намали три и пол часа. Исто така, благодарејќи на мостот, возењето измеѓу точките кои ги поврзува, кое траеше два часа, сега ќе трае само четири минути.
Висечкиот мост помеѓу градовите Гебзе и Јалова има среден распон од 1.550 метри, висината на носечките столбови му е 252 метри, а вкупната должина на мостот е 2.682 метри, што го прави четврт најдолг мост на тој вид во светот.
Градењето на мостот, чиј камен темелник е поставен на 30-ти март 2013 година, траеше 39 месеци. Оваа градба многу луѓе ќе ги потсети на мостот „Голден Гејт”, еден од симболите на Сан Франциско.
На церемонијата на свечено отворање ќе присуствуваат турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, премиерот Бинали Јилдирим, министерот за сообраќај, поморство и комуникации, Ахмет Арслан и бројни гости.
Автопатот со должина од 433 километри, кој ќе ги поврзува Гебзе, Орхангази и Измир ќе биде најголем патен инфраструктурен проект во турската историја. Проектот ќе биде довршен до 2018 година. Ќе започнува во градот Гебзе, на северниот дел на заливот Измит, а со еден дел ќе го спојува Црното Море со егејското крајбрежје.
Турција во последниот период оствари значајни инфраструктурни проекти, меѓу кои се истакнуваат третиот мост преку Босфорот во Истанбул, изградбата на третиот истанбулски аеродром која ќе чини 10,25 милијарди евра, а воедно ќе биде најголем аеродром на светот.