Ekipa
30 Јуни 2016•Ажурирај: 30 Јуни 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Турските истражни органи го открија идентитетот на тројцата бомбаши-самоубијци кои извршија терористички напад во Истанбул. Еден од нив е и државјанинот на Русија со потекло од Дагестан, другиот е државјанин на Киргистан, а третиот е државјанин на Узбекистан, јавува Anadolu Agency (AA).
Во последните два дена истражните органи активно работеа на откривање на идентитетот на тројцата бомбаши-самоубијци, кои пред два дена извршија терористички напад на аеродромот Ататурк.
Според информациите од турското обвинителство, еден од бомбашите-самоубијци е руски државјанин со потекло од Дагестан, другиот е Киргистанец додека третиот државјанин е од Узбекистан.
Министерот за внатрешни работи на Турција, Ефкан Ала, денес изјави дека во терористичкиот напад животот го загубиле 43 додека ранети се 238 лица.