Ahmet Esad Şani
01 Ноември 2019•Ажурирај: 02 Ноември 2019
ИСТАНБУЛ
На Меѓународниот аеродром „Сабиха Ѓокчен“, кој се наоѓа во Истанбул, е отворена изложбата на која се изложени фотографиите кои добија награда во рамки на „Istanbul Photo Awards 2019“, организиран петти пат по ред од страна на Anadolu Agency (AA).
Д-р Шабан Кизилдаг, член на Управниот одбор на АА и комуникациски експерт, имаше свое обраќање на отворањето на изложбата во кое рече дека оваа година ја отвораат третата изложба на „Istanbul Photo Awards“.

Тој нагласи дека АА има долго минато кое било сведок на професионалната посветеност на своите фоторепортери за време на различните настани во светот.
„Нашите искуства во овој процес ни покажаа дека треба да ги охрабриме младите фоторепортери преку наградување на нивниот труд, и затоа го започнавме проектот „Istanbul Photo Awards““, додаде Кизилдаг.
Според него, оваа изложба која се одржува петти пат по ред, секој ден предизвикува уште поголем одзив во светот, и изрази задоволство за тоа.
Тој информираше дека на оваа изложба се пријавиле фотографи од над 100 земји, со 15.000 фотографии, и дека жири-комисијата на овој проект наградила 12 фотографи од 10 земји.
Кизилдаг рече дека пријавувањето за „Istanbul Photo Awards“ секоја година започнува на 1 ноември.
„Сметаме и очекуваме дека оваа година ќе има голем број фотографии од операцијата „Извор на мирот“. Процесот на пријавување трае три месеци, а во март со вас ќе ги споделиме најимпресивните фотографии на оваа година“, рече Кизилдаг.
Тој истакна дека фотографиите на оваа изложба до крајот на годината ќе бидат изложени и во различни градови во светот како Токио и Њујорк, упатувајќи благодарност до ТИКА и „Туркиш ерлајнс“ (THY) поради нивната поддршка за овој проект.
Исто така, свои обраќања имаа и претставници на Меѓународниот аеродром „Сабиха Ѓокчен“, кои изразија задоволство поради тоа што се домаќини на оваа изложба.

Учесниците на оваа програма во придружба на заменик-уредникот на фотосервисот на АА, Ерхан Севенлер, имаа можност да ги видат фотографиите изложени на оваа изложба.
Исто така, изложбата беше посетена и од љубители на уметноста, како и од патниците кои патуваа преку овој аеродром.
Изложбата оваа година за првпат беше отворена во Анкара, потоа во Бејоглу, Истанбул, а сега е отворена на Аеродромот „Сабиха Ѓокчен“.
Официјални спонзори на овој натпревар се ТИКА и „Туркиш ерлајнс“, а изложбата на аеродромот ќе биде отворена до 30 ноември.
Пријавувањето за „Istanbul Photo Awards 2020“ започнува денеска (1 ноември) и ќе трае до 31 јануари 2020 година, а може да се врши преку интернет-страницата „www.istanbulphotoawards.com“.