Ali Özdemir
07 Јануари 2016•Ажурирај: 09 Јануари 2016
ЈОЗГАТ (АА) - Огус Акташ (39) од Турција, напамет знае над три илјади телефонски броеви, а поради тоа пријателите и познаниците го нарекуваат "подвижен телефонски имененик", јавува Anadolu Agency (AA).
Акташ од раѓање има проблем со видот, а подоцна изгубил и над 90 проценти од видот. И покрај тоа, во 2001 година се пријавил на стручен испит во локална компанија која се занимава со дистрибуција на вода. Во текот на подготвувањето на испитот, забележал дека напамет научил цели 28 страници текст.
Како што вели, пред да го открие тој свој талент, не го знаел ниту сопствениот телефонски број.
"Сега паметам над три илјади телефонски броеви. Често ме прашуваат за броеви на банки и претставници на државните власти. На пример, нека ми се јави некој, нека се претстави и нека го каже својот телефонски број, по десет години и не мора да се претставува, јас ќе знам со кого разговарам, а ќе го знам и неговиот телефонски број. Во глава создавам математичка операција од помал кон поголем, и од поголем кон помал број. Пријателите често ме нарекуваат "подвижен телефонски имененик" или "информации", рече Акташ.
Додаде дека целта му е да запамети 7.500 телефонски броеви.