Adem Demir
06 Септември 2018•Ажурирај: 06 Септември 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Гувернерството на Истанбул информираше дека во Мраморното Море, во близина на брегот на квартот Бостанџи, паднал хеликоптер. Во несреќата полесно се повредени две лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението што го објави истанбулското Гувернерство, се вели:
„Во квартот Бостанџи, во водите на Мраморното Море, се урна приватен хеликоптер. Во несреќата полесно се повредени две лица. Техничките екипи започнаа истрага на местото на несреќата.“