Zlatan Kapic,Ekip
19 Мај 2020•Ажурирај: 20 Мај 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Во Турција денес се одбележува 19 Мај, Денот на младоста и спортот и Денот на сеќавањето на првиот претседател на модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк, јавува Агенција Анадолија (AA).
Манифестации во текот на денот се одржуваат во согласност со препораките за пандемијата на коронавирусот, а утрово министерот за млади и спорт, Мехмет Мухарем Касапоглу, положи венец во Мавзолејот на Мустафа Кемал Ататурк во Анкара, по што се одржа едноминутно молчење и беше интонирана химната на Република Турција.
Порака по повод празникот упати и турскиот потпретседател Фуат Октај.
Инаку, на 19 мај 1919 година, Мустафа Кемал Ататурк ја започна борбата за независност на својот народ и ги постави темелите на денешна Турција. Затоа 19 Мај е исклучително важен датум во земјата.
Денот на младината и спортот се обележува со разни манифестации во Република Турција, како и во други земји во светот каде што живее турската дијаспора.