Ali Murat Alhas
21 Март 2021•Ажурирај: 22 Март 2021
ОСМАНИЈЕ (АА) - Турција депортира вкупно 2.764 странски терористи од 67 различни националности од 2019 година, објави денес турското Министерство за внатрешни работи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството истакна дека странските терористички борци ги напуштиле своите матични земји за да се приклучат во редовите на терористичките организации како ДЕАШ или ПКК/ПЈД.
Како дел од борбата на Турција против тероризмот, во 2019 година депортирани се 1.595 странски терористички борци, во 2020 година 1.019, додека во првите два и пол месеци од оваа година депортирани се 150 странски терористи.
Вкупно 224 странски терористички борци се депортирани во земјите членки на Европската Унија, од кои 66 во Франција, 57 во Германија, 22 во Холандија, 14 во Шведска и седум државјани на Швајцарија.