Kemal Özdemir
21 Март 2021•Ажурирај: 22 Март 2021
ЕРЗИНЏАН
Во турската област Ерзинџан фатени се 16 мигранти кои по илегални патишта влегле во земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Екипите на Обласното полициско одделение за борба против криумчарење мигранти и за гранични премини спроведоа контрола на патничките автобуси на патот Ерзинџан - Ерзурум.
При контролата на три патнички автобуси, полициските екипи открија 16 мигранти со потекло од Авганистан без документи и дозвола за престој во земјата.
Фатените мигранти се префрлени во полициска станица заради утврдување на идентитетот. По завршената постапка фатените мигранти ќе ѝ бидат предадени на обласната Дирекција за управување со миграции.