Serdar Açıl,Zafer Fatih Beyaz
07 Април 2018•Ажурирај: 07 Април 2018
АНКАРА (AA) - Одреден му е притвор на Шахин Согут, припадник на ФЕТО кој му беше надреден на Мевлут Мерт Алтинташ, атентаторот на рускиот амбасадор Андреј Карлов, јавува Anadolu Agency (AA).
Кривичниот суд во Анкара на предлог на Обвинителството му одреди пртвор на Согут, припадник на ФЕТО.
Рускиот амбасадор Карлов е убиен на 19 декември 2016 година во Анкара. Атентатот го изврши турскиот полицаец Мевлут Мерт Алтинташ кој не беше на должност, а кој беше поврзан со терористичката организација ФЕТО.
На чело со Фетула Ѓулен, ФЕТО на 15 јули 2016 година со посредство на инфилтрирани поданици во рамките на турската војска, полиција и другите институции, изведе и обид за воен удар во Турција.
Атентатот врз амбасадорот Карлов е изведен во Уметничката галерија во Анкара во моментите додека им се обраќаше на присутните на изложбата. Атентаторот му пријде и го усмрти пукајќи од пиштол, а полицијата го уби напаѓачот.
Убиството на амбасадорот Карлов се случи во екот на нормализација на турско-руските односи, а Карлов беше еден од поважните актери во тој процес.
Со истрага е утврдено дека атентатот е поврзан со терористичката организација ФЕТО која се обиде нападот да го претстави како дело на екстремистичките групи.
До сега се уапсени три лица кои се осомничени за поврзаност со атентатот, а државниот турски обвинител соопшти дека атентаторот Алтинташ и лично по познавал Ѓулен.