Serdar Açıl,Cemil Murat Budak
18 Ноември 2020•Ажурирај: 19 Ноември 2020
АНКАРА
Во рамки на операцијата против тајното структурирање на терористичката организација ФЕТО во Генералната жандармериска команда на Турција, приведени се 70 осомничени лица, од кои 21 се притворени, а 48 лица ја признаа вината и ги искористија ефективните одредби за покајание, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Републичкото главно обвинителство на Анкара, на 6 ноември 2020 година беше донесена одлука за приведување против 89 осомничени лица кои биле тајни имами на структурирањето на ФЕТО во Генералната жандармериска команда.
Со инструкции на Главното обвинителство, тимовите на Одделот за борба против тероризам при Полициската дирекција во Анкара, извршена е операција во чии рамки се фатени 70 од вкупните осомничени лица.
Еден од приведените, по постапките во Полициската дирекција, е пуштен на слобода, додека 57 од осомничените ја признаа вината со цел да ги искористат ефективните одредби за покајание, и споделија информации во врска со организацијата.
По постапките во Полициската дирекција, осомничените се однесени во судот, каде што изјавите на 9 осомничени беа сметани за недоволни. Заедно со овие, притворени се вкупно 21 лице, кои потоа се пренесени во затвор.
Од лицата кои ја признаа вината, 48 се пуштени на слобода под услов на судска контрола.