Zehra Tekeci
09 Септември 2021•Ажурирај: 14 Септември 2021
АНТАЛИЈА (АА)
- ЗЕХРА ТЕКЕЏИ
Мустафа Тансу Атиџи, кој автобусот што го купи во Анталија го дизајнира според својот вкус и го трансформира во луксузна камп-приколка наречен „Мустан“, својот одмор го поминува уживајќи во природата.
Атиџи, 42 години, е оженет и е татко на едно дете, живее во областа Муратпаша во Анталија. Купи автобус за да ужива во патувањата во природата.
Мустафа Тансу Атиџи, кој заедно со своето семејство го сака животот во камп-приколка, презеде чекори за да направи свое возило.
Тој најпрвин го купил автобусот од 1996 година за 100.000 лири (околу 10 илјади евра). Потоа инсталирал паметен систем од 40 квадратни метри, а дневната соба, спалната соба, кујната и бањата во автобусот ги дизајнирал според својот вкус.
- Потрошил околу 1 милион лири (околу 100.000 евра) за дизајнирање на камп-приколката
Атиџи во изјавата за дописникот на АА рече дека сакал да направи камп-приколка и тоа го направил за време на епидемијата.
Наведувајќи дека караванот кој го нарече „Мустан“ е резултат на една година работа и дека зел под наем работилница откако го купил автобусот, Атиџи рече дека дизајнираната камп-приколка е многу комфорна.
Меѓу другото, Атиџи, наведувајќи дека во приколката има три телевизори, фрижидер, машина за миење садови, машина за перење и сушење, систем за соларна енергија, резервоар за вода и простор за скара, рече дека тоа го чинело околу 1 милион лири (околу 100.000 евра).
Посочувајќи дека и неговото семејство го сака возилото, Атиџи додаде:
„За време на епидемијата, со мојата сопруга и детето реализиравме голем број патувања во кои уживавме. Се чувствувавме многу удобно затоа што во приколката има сѐ. Отидовме на највисоките места во Анталија. Исто така, сакаме да одиме во странство и на турнеја низ Црното Море. Особено во овој период природа ни треба многу повеќе. Пријатно е да се спие помеѓу зеленилото. Воспоставив паметен систем. Камп-приколката можам да ја контролирам преку овој систем. Ги контролирам светлата по желба. Постојат 100 различни опции, меѓу кои се и релаксирачки и романтични опции. Ги вадам телевизорите од нивниот оддел каде што се наоѓаат, го стартувам автомобилот, ги отворам и затворам внатрешните и надворешните врати. На пример, кога ќе речете ‘ми се спие‘, светлата се гасат, вратите се затвораат, проработува безбедносниот систем.“
- Направивме камп-приколка подобра од тоа што сонувавме
Озлем Атиџи истакна дека нејзиниот сопруг изградил камп-приколка подобра од тоа што го сонувала и дека тоа ја направило многу среќна.
Наведувајќи дека била возбудена кога ја слушнала идејата на сопругот, Озлем Атиџи рече: „Ние сме пар кој сака да патува. Многу е убаво да имаме наша камп-приколка. Јас му помогнав на мојот сопруг со моите идеи во фазата на изградба. Кога ја видов приколката, помислив дека се работи за комплетна куќа. Воопшто не го барам мојот дом. И нашиот син не сака да си оди дома. Кај и да е, ќе заборавиме на нашата куќа. Четири-пет дена во неделата ја поминуваме во приколката.“