Seyit Ahmet Aytaç
19 Април 2018•Ажурирај: 19 Април 2018
АНКАРА (АА) - Осум лица се приведени денес во главниот турски град Анкара поради сомневање за поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Меѓу осомничените се наоѓаат седум членови на Високиот административен суд и Државниот совет.
Во соопштението издадено од Канцеларијата на јавниот обвинител во Анкара се вели дека се издадени налози за приведување на осомничените припадници на терористичката организација ФЕТО.
Оосмничените, исто така, се обвинети за користење на апликацијата „БајЛок“, што претставува систем за шифрирана комуникација меѓу прупадниците на ФЕТО.
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој се наоѓа во Пенсилванија, се одговорни за неуспешниот обид за државен удар што се случи на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 250 лица, а речиси 2.200 беа повредени.
ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрирање свои поданици во турските институции, особено во војската, полицијата и во судството.