İbrahim Erikan
19 Април 2018•Ажурирај: 20 Април 2018
АДАНА (АА) - Турската полиција заплени 160,7 килограми хероин пронајдени во камион во јужниот град Адана, јавува Anadolu Agency (AA).
За време на редовна сообраќајна контрола на автопатот кај Инџирлик, полицијата запре камион, во кој во таинствена преграда во резервоарот за гориво, пронајде 160,7 килограми чист хероин.
Дрогата е откриена со помош на дресирано куче трагач.
Возачот на камионот е приведен и против него е започната постапка.
Селами Јилдиз, шефот на полицијата во Адана, им честиташе на полицајците за успешно завршената операција, која е важна и е во контекст на борбата против тероризмот, чиј главен извор на финансирање е токму трговијата со дрога.