Halil Demir
10 Февруари 2019•Ажурирај: 11 Февруари 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Надлежните служби ги отстранија урнатините и ја завршија потрагата по настраданите на местото на кое во средата во Истанбул се урна повеќекатна станбена зграда, јавува Anadolu Agency (AA).
Во попладневните часови во средата зградата се урна одненадеж, за само неколку секунди. Загинаа 21 лице, додека 14 повредени се хоспитализирани.
Местото на несреќата денес го посетија и турскиот министер за животна средина и урбанизам, Мурат Курум, гувернерот на Истанбул, Али Јерликаја и надлежниот обвинител кој ја води истрагата за случајот.
Ресорните власти најавија продолжување на истрагата, а во наредниот период ќе биде срушена и соседната зграда за која е утврден ризик поради оштетувања во текот на уривањето.
Министерот Курум денес ќе присуствува на закопот на загинатите во уривањето на зградата, а попладне ќе се состане со жителите на населбата Картал.