Muhammet Emin Avundukluoğlu
09 Јули 2021•Ажурирај: 10 Јули 2021
АНКАРА (АА) - Парламентот на Турција рано утринава го одобри долгоочекуваниот Предлог-закон за правата на животните, јавува Агенција Анадолија (АА)
Според законот, продажбата на мачки и кучиња од продавници за миленичиња ќе биде забранета, бидејќи таквите продавници „не се погодни за здравјето и етиологијата на животните“.
Циркусите со животни, циркусите на вода и парковите со делфини исто така ќе бидат забранети.
Од сопствениците на мачки и кучиња ќе се бара да имаат дигитални лични карти или регистрација, а доколку ги напуштат своите миленици, ќе се соочат со парични казни.
Парламентот го усвои Предлог-законот пред летниот одмор, кој ќе започне следната недела.