Hamdi Çelikbaş
01 Јуни 2018•Ажурирај: 02 Јуни 2018
АНКАРА (AA) - По повикот кој студент го упатил преку социјалните мрежи, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги изненади студентите во студентски дом во Анкара, придружувајќи им се на студентите на сехур, јадење при самиот крај на ноќта пред почеток на муслиманскиот пост, јавува Anadolu Agency (AA).
По пораката на студент преку Твитер: „Почитуван претседателе, кога би можеле да ве угостиме на сехур во нашиот дом Хусејин Гази?", на што Ердоган одговори: „Ако ви е подготвен чајот, доаѓам".
По доаѓањето пред студентскиот дом, Ердоган го дочека Гунгор Атак, студент на Стоматолошки факултет на Универзитетот Анкара Јилдирим Бејазит, кој на турскиот претседател му ја упатил пораката преку Твитер.
Во текот на сехурот во студентскиот дом, Ердоган разговараше со студентите, а многумина од нив приликата ја искористиле да направат заедничка фотографија со турскиот претседател.
Во краткото обраќање по сехурот, Ердоган на сите студенти им посака многу среќа и успех во образованието и во иднината.
На Твитер профилот на турскиот претседател Ердоган, емитуван е и пренос во живо од средбата со студентите.