Burak Bir
04 Август 2022•Ажурирај: 05 Август 2022
Десетици пациенти се евакуирани од грчката болница во Истанбул откако избувна пожар во зградата, во кој нема повредени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Околу 80 пациенти, главно постари лица, беа префрлени од грчката болница „Баликли“ во блиските здравствени установи откако пожарот го проби покривот на зградата од историска важност во областа Зејтинбурну.
Причината за пожарот сѐ уште не е позната, а од Канцеларијата на гувернерот на Истанбул потврдија дека никој не е повреден.
Од болницата потврдија дека никој не ги ни почувствувал ефектите од вдишувањето чад.
На местото на настанот се испратени противпожарни екипи, а пожарот е локализиран.