Ferdi Türkten,Aynur Ekiz
13 Септември 2019•Ажурирај: 13 Септември 2019
АНКАРА (АА) – Поранешниот премиер на Турција, Ахмет Давутоглу, поднесе оставка од Партијата на правдата и развојот (AK Parti), откако Дисциплинската комисија на оваа партија покрена процес за негово исклучување од партијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Давутоглу на прес-конференција во Анкара, потсети дека АК Партијата од самото свое основање му служела на народот и во тој поглед направила многу.
„Најголемиот фактор кој го држеше на свои нозе ова движење, е тоа што беше извор за надежта на народот и беше достојно за неговите молитви“, рече Давутоглу и им се заблагодари на досегашните соработници.
Покрај Давутоглу, од АК Партијата поднесоа оставка и следните лица: Ајхан Сефер Устун, Селчук Оздаг, Абдула Башчи, Недим Јамали, Селим Темурџи и Ферамуз Устун.