???????
11 Јануари 2016•Ажурирај: 12 Јануари 2016
ЧАНАККАЛЕ (АА) - Едно дете и две жени се удавија откако брод со авганистански бегалци потона во близина на турската покраина Чанаккале во Егејското Море, јавува Anadolu Agency (АА).
Од турската крајбрежна стража соопштија дека бродот бил на пат кон грчкиот остров Лезбос, кој во последниве неколку месеци е главна одредница на бегалците кои пристигнуваат во Европа.
Во денешната несреќа спасувачките екипи успеаа да спасат осум бегалци, вклучувајќи и едно бебе кое веднаш било хоспитализирано. Малку подоцна, успеале да спасат и други пет лица кои испливале до брегот.
Според податоците на Обединетите нации (ОН) над еден милион бегалци пристигнале во Европа од Блискиот Исток и Северна Африка. Над 80 отсто од нив, до европско тло дошле преку Грција.
Додека илјадници бегалци секојдневно доаѓаат во Европа, расте бројот и на бегалците кои ги губат своите животи во Средоземното Море, патувајќи во стари бродови и често при силно невреме.