Havva Kara Aydın
21 Март 2021•Ажурирај: 21 Март 2021
АНКАРА (АА) - Сите мора да ги поддржуваме лицата со Даунов синдром, порача денес првата дама на Турција во пораката по повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Ги повикувам сите да застанат покрај лицата со Даунов синдром за тие да можат подеднакво да учествуваат во сите аспекти на животот“, порача Емине Ердоган преку Твитер.
„Сакам меѓусебно да се поврземе преку моќта на љубовта“, додаде првата дама.
21 март се одбележува секоја година со цел да се подигне свеста за Дауновиот синдром, хромозомско нарушување предизвикано од екстра генетички материјал во 21. хромозом, што доведува до промени во менталниот и физичкиот развој.