Aydoğan Kalabalık
21 Септември 2016•Ажурирај: 22 Септември 2016
КАИРО (АА) – Се дознава дека при тонење на брод во близина на египетското крајбрежје, кој превезувал 600 бегалци, 450 лица исчезнале, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во изјава за државната новинска агенција на Египет, МЕНА, гувернерот на областа Мутубис, Али Абдусетар изјави дека на бродот се наоѓале 600 бегалци, од кои 150 се спасени. Шефот на полицијата на градот Бахира, Алаедин Шевки, во својата изјава рече дека припадниците на египетската крајбрежна стража во 15.20 часот по локално време извадиле 30 мртви тела од Средоземното Море, а активностите за трагање и спасување продолжуваат.
Шевки потврди дека бродот денес тргнал од крајбрежјето на градот Кефр еш Шејх, а потонал во близина на крајбрежјето на градот Бахира.