Eşber Ayaydın
16 Јуни 2022•Ажурирај: 17 Јуни 2022
ШАНЛИУРФА (АА) - Градот Халфети, кој се наоѓа во средината на југоисточната степа во турската област Шанлиурфа и добива изглед на крајбрежен град благодарение на езерото на браната, Биреџик, го привлекува вниманието на посетителите со своите историски и природни убавини, известува Агенција Анадолија (АА).
Градот Халфети, чиј еден дел се наоѓа под браната Биречик изградена на реката Еуфрат, и во 2013 година е вклучен во мрежата на „тивки градови“ од страна на Меѓународниот координативен комитет „Џитаслов“, со својата тивка и мирна карактеристика ги фасцинира своите посетители со пејзажот како од разгледници.

Опишан и како „скриен рај“ на југоистокот со своите историски камени куќи и природните убавини, Халфети ги пречекува домашните и странските туристи.
Посетителите со турите организирани со брод по езерото имаат можност да го видат „потонатиот град“, чиј поголем дел е потопен, Румкале, домот на многу цивилизации, минарето на потопената џамија и напуштените зданија кои се наоѓаат во Савашан Махале.

Местото кое го посетуваат оние кои сакаат времето да го поминат во природа, особено е многу посетено за време на викендите.
Посетителите, покрај историските и природните убавини, имаат можност одблизу да ги видат регистрираната црна роза, која својата единствена боја и мирис ги зема од почвата, како и зелената роза за која се дознава во последно време.
